Совети за како да разговараме со дете кое има аутизам

Совети за како да разговараме со дете кое има аутизам

              Секој знае дека дете кое има аутизам има и проблеми со говорот. Тие не се фокусирани на нештата или пак личностите. Повеќето луѓе се фруструирани од нивната пречка на говорот.  Децата со аутизам и АДХД и други слични синдроми имаат губење на  можноста на комуникацијата. 25% до 50% од личностите со аутизам не зборуваат или пак имаат мал број на зборови во нивниот вокабулар. Може да се каже дека се неврбални. Но, можеби не комуницираат а сепак можат да пишуваат, можеби имаат малку зборови во вокабуларот а сепак разбираат што ние разговараме. Бидејки го имаат овој проблем а пак сакаат да разговараат со нас ние исто така треба да се обидеме ние, граѓаните да им дадеме шанса.

             

             Затоа ние имаме совети за вас, како вие да можете да имате разговор со дете кое има аутизам.

Првиот совет е да се потрудиме да разговараме! Повеќето од нас избегнуваат да разговараат со дете кое има аутизам што не е во ред. Иако нивниот обид можеби не ви значи на детето им значи. Бидете нежни и трпеливи со разговарање со детето. Приклучувајте ги во разговорите. После се, и тие сакаат да се приклучат, но само незнаат како.

Вториот совет е да го одберете доброто време. Секое време не е добро време за разговор со дете кое има аутизам. Запамтете, децата со аутизам не се фокусирани на сите нешта. Да кажеме ако работат на нешто и вие сакате да имате комуникација со нив големи се шансите да не ви возвратат. Исто така кога ке завршат со нешто не одете кај нив и да разговарате. Најубавиот момент е кога е тивко и мирно и тогаш ја имате шансата да разговарате со нив.

Третиот совет е да разговарате за тема која тие ја сакаат. Ако го присилите разговорот со тема која вие ја сакате, голема е шансата да ве игнорираат.  Најдобро за да останете со детето во разговорот е да зборувате за нивната тема или обсесија.

Четвртиот совет е да стоите до поента. Бидете подалеку од метафори или други апстракни изјави. На децата со аутизам им тешко да размислат за матафорите и би им требало повеќе време. Вашите реченици држете ги кратки и јасни.

Петиот совет е  да пробате да пишувате на хартија. Ако детето не ве разбере усно што зборувате, можеби ќе ве разберат на хартија. Одредени пациенти подобро разбираат нешто што е прикажано визуелно отколку дирекно да им се каже. Затоа ако знаете некое дете со аутизам и сакате со него да разговарате би било добро да си земете тефтер и пенкало со вас.

Шестиот совет е да внимавате на невербални сигнали. Децата со аутизам имаат проблеми со манипулирање на јазикот како и разбирање. Додека комуницираат со вас, прават одредени движења кои можат да бидат сигнали на невербалност. Внимавајте, и ќе ги научите и разберете нивните движења.

Седмиот совет е да запомните тие се само деца! Запомнете дека разговарате со дете кое не е како сите останати деца но сепак вие разговарате со некого кој има мисли и ставови кои се уште се формираат во незрели мозоци. Со вежбање и повеќе комуникација ќе пронајдете дека можете да разговарате со дете кое има аутизам толку лесно како и секое друго дете.

                За заклучок, иако на почеток ќе ви биде тешко да одржите разговор со дете кое има аутизам сепак можете да го одржите разговорот со малку трпеливост и овие совети. Тие се личности нели, и тие имаат мисли, чуства, искази, спомени, став како сите нас. Тие сакаат да го искажат својот проблем  но ги спречува нивниот синдром. Затоа, кога ќе видите дете со аутизам не се срамете се, туку дојдете до него и пробајте да му помогнете да се изрази, иако има синдром кој го спречува тоа.

Leave a Reply

avatar
500
  Subscribe  
Notify of
Close Menu