Светски ден на аутизмот и месец на аутизам

Светски ден на аутизмот и месец на аутизам

Светскиот ден на аутизамот се одбелжува на втори април од 2008та година, а пак Македонија се вклучи во одбележиувањето од 2010та година.

Целите на оваа кампања се подигнување и зајакнување на јавната свест за постоењето на проблемот со аутизам, како и едукација и поблиско информирање за овој проблем, неговата фреквенција, рана дијагноза и третмани.

Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција.
Првите знаци за оваа состојба се јавуваат во раното детство. Симптомите можат да бидат благи, понекогаш и незабележителни и можат многу да варираат. Првите симтоми се забележуваат помеѓу 18 месечна возраст и 30 месечна возраст, меѓутоа многу често и многу порано родителите можат да забележат одредени симптоми кои се јавуваат кај малите деца односно бебињата. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. Родителите треба да се консултираат со лекар ако забележат дека детето не се смее и не покажува реакции на среќа до шестиот месец. Ако не постои гестикулација (вперување со прстот, мавтање со рацете поздравни пораки и сл.)до прва година од животот, ако не прозбори ни збор до 16 месеци, ако не реагира на своето име.

За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам. Одредени анализи покажуваат дека во наредните години во светот ќе има повеќе деца со дијагноза на аутизам отколку со рак, дијабетес и сида заедно, што е повеќе од загрижувачки.

Многу е важно да се прифатат разликите и да се поддржат децата со аутизам како и нивните родители. Децата со аутизам имаат емоции како и останатите деца во светот но не знаат да ги покажат, тие исто така се радуваат но начинот на нивното радување може да биде поразличен.

Се организираат повеќе настани во текот на месецот Април посветени на луѓето кои имаат аутизам па затоа Април е познат и како месец за подигнување на свеста за аутизмот. Еден од нив е настанот „Да растеме заедно“ организиран од организацијата ,,Аутизам ААМК“  на 28ми април оваа година на Школка, градски парк. На овие настани има многу забава, музика, ликовни работилници, изложби на слики од деца со аутизам и секако прекрасно дружење, забава и инклузија.

 

Leave a Reply

avatar
500
  Subscribe  
Notify of
Close Menu