Игри за деца со аутизам

Игри за деца со аутизам

          Сите деца во светот сакаат да се забавуваат без разлика на возраста, религијата, местото каде живеат и бојата на кожата. Децата сакат да бидат дел од игри во кои секој е вклучен и никој никого не исклучува и не отфрла. Таквите игри се најдобри. Но понекогаш кога некои деца се поразлични по некоја основа од групата, групата тие деца ги исклучува. Тогаш децата уште повеќе се чуствуваат осамени, тажни и непосакувани. Треба да се работи со сите деца и треба да се научат дека во нашето општество постојаат деца кои се различни по некоја основа, со цел истите да ги прифатат различните деца. Постојат посебни игри кои посебни наставници ги знаат и ги играат со овие деца. Честопати тие се едноставни и лесно може да се научаат. И тогаш секој може да се игра. И забавно им е на сите, и на децата кои играат и тие заради кои се играат игрите, односно на децата со аутизам. Тие се лесно и се прилагодени за нив. Преку игрите тие изразуваат среќа, радост, и задовоство. Во прилог неколку игри кои може да се играат со аутистични деца:

 1.Тактилен (сензорен) детектив

          Игра базирана на допир која ќе ги научи децата со аутизам  да им  веруваат на своите сетила и да  ги подобрат своите тактилни способности.

          Што ви треба:

          -Монистра

          -Исушен грав

          -Ориз/Жито

          -Неколку малечки играчки

          -Кофа

          Како се игра:

          Ставете ги сите предмети во кофата. Бидете сигурни дека играчките се добро закопани во оризот / житото. Сега кажете му на детето да ги пронајде сите играчки во одреден редослед со затворени очи и само со користење на неговото чуство за допир.

          2. Мирисни зони

Мирисот е уште едно многу важно, но запоставено сетило.

Што ви треба:

– Мали пластични кутии

-Ленти од хартија

-Различни ароми како ѓумбир, лимон, роза и така натаму

-Можете исто така да ги користите мирисни масла како што се јасмин, лимон и лаванда, бидејќи тие можат да бидат релаксирачки.

Забелешка: Претходно треба да се проверат маслата за да бидете сигурни дека тие се соодветни за деца. Децата може да бидат алергични на хемикалии кои можат да бидат внатре во овие масла.

Како се игра:

 Измешајте ги ароматичните супстанции во ленти со хартија за да го пренесете мирисот. Ставете го истиот мирис на повеќе ленти. Измешајте ги сите ленти заедно и замолете го детето да ги категоризира само врз основа на мирис. Тие потоа можат да ги стават лентите во поединечно обележани кутии и да ги мирисаат секогаш кога сакаат.

3. Следи го лидерот

Оваа игра е една од многуте групи активности достапни за деца со аутизам.

Што ви треба:

-Група деца

Како се игра:

Играта започнува со избраниот лидер, кој стои пред останатите. Лидерот потоа прави различни движења како што се подигнување на рацете, свиткување на колена или нешто што сите деца го сакаат. Целта на играта е сите деца да ги имитираат движењата на лидерот. По одредено време се назначува друг лидер. Оваа игра може да помогне во зајакнувањето на пропиорецепцијата, моторните вештини и дружељубивоста кај аутистичните деца.

Постојат уште многу игри кои може да се играат со аутистични деца. Важно е наставникот кој е обучен да работи со деца со аутизам, да работи и со деца кои одат во редовно училиште. Да им објасни на децата како и тие да ги прифаќаат децата, како да ги вклучуват и да другаруваат со нив. Сето тоа се постигнува преку презентации, преку разговори и споделување на фотографии. Но најважно е децата да се дружаат со аутистични деца, да имат можности да се сретнуваат и да поминуваат време едни со други. Само на тој начин се постигнува вистинска инклузија / вклученост

Leave a Reply

avatar
500
  Subscribe  
Notify of
Close Menu