Настани кои ние сме ги организирале

 18.10 „Среќни деца, среќни кучиња“, настан заедно со AVAV Happy dog / АВАВ Хепи дог.

Целта беше да покажеме дека кучињата освен што се најдобриот човеков пријател туку се посебно врзани со децата со аутизам.

28.10 настан наречен „Необичен роденден“ во Детскиот креативен центар.

Овој роденден беше необичен бидејќи јас (Денис) славев во игротека заедно со многу деца со типичен и со нетипичен развој. Беше прекрасно, весело, премногу прегратки и љубов. На едно место аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа, мускулна атрофија и заедничко дружење. Целта беше да покажеме дека сите деца се деца, сакаат да се забавуваат, сакаат да бидат во друштво, сакаат да бидат ЗАЕДНО. Настап на нашите пријатели Dancers united, Јога и зумба, инклузивни игри, ликовна работилница. 

slika nastan 2 april image size

28.04 Школка, градски парк, настан „Да растеме заедно“.

Настан посветен на Април, месец за подигнување на свеста за аутизмот. Многу забава, музика, ликовна работилница, изложба на слики од деца со аутизам. Прекрасно дружење, забава и инклузија. На настанот зборуваше Царе Манчевска, лице со аутизам.

 11.06 „Јавна соба“, хуманитарна аукција и лотарија за помош на семејства со аутизам.

На аукцијата имавме околу 50-тина уметнички дела подарени од самите автори, дел се продадоа. Имаше и лотарија со многу разновидни награди. Од собраните средства успеавме да помогнеме на 3 семејства што ние особена гордост. 

02.12 / 09.12 / 16/.12 – три предмовогидишни работилници во кафе Ли кај Млечен ресторан. Прекрасни работилници повторно со инклузија. Многу насмевки, забава, весели и радосни лица. Кафе Ли прекрасни во секој поглед во однос на она што го сакавме тоа и го добивме. Па дури и повеќе. 6, 23.12 – „Необична новогодишна прослава“, повторно во Детскиот креативен центар. Повторно јога и зумба, Dancers united, Мето пантомима и најинтересниот дел – Дедо Мраз кој на сите деца и оние кои се чувствуваа како деца им подели пакетчиња. Радости еден тон.

Close Menu